Екипата на Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона, во која битолчани ќе имаат дополнителен предизвик, битка во второлигашката јадранска конкуренција.
За разигрување на тимот ќе биде задолжен Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.
Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари како Двојаковски, Јовановски и Ристевски.