Бускетс не попушта: Не сака по третпат да прави отстапки за платата

306

Како што пишуваат шпанските весници, се уште нема договор меѓу Серхио  Бускетс и Барселона за ревизија на неговата плата. Капитенот вели дека е отворен за разговор за можноста да му помогне на клубот, со оглед на огромните тешкотии при регистрирањето на новите засилувања, но засега од зборовите нема ништо конкретно.

Фудбалерот, како што пренесува „Мундо Депортиво“, е за одложување на исплатата на платите, но не и за скратување, бидејќи истиот Бускетс заедно со соиграчите веќе се договорил да „прости“ 12 отсто од платата во време на пандемијата. Исто така минатата сезона играчот од средниот ред одлучи да се откаже од бонусите. Како што најавил сега, ново кратење нема да дозволи.

ПретходноЌе се играат продолженија…Шкендија – АИК 1:1! (ВИДЕО)
СледноВтор пораз на јуниорките на Балканското првенство