Вардар се врати во СЦ „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

829

Ракометарите на Вардар 1961 се вратија во својот дом „Јане Сандански“ по повеќе од две недели. Добро е познато дека во изминатите 12 дена во двете сали во Аеродром се играа натпревари од Светското кадетско првенство, причината поради која „црвено-црните“ мораа да се преселат во Кисела Вода.

На вчерашниот тренинг на играчите им се обрати и првиот човек, Михајло Михајловски, кој им посака успех во новата сезона во која Вардар нема да биде дел од Лигата на шампиони.

ПретходноБитолчани го потпишаа првото странско засилување!
СледноФлорентино Перез после Суперкупот го откри освојувачот на „Златната топка“