Втор пораз на јуниорките на Балканското првенство

81

Македонската репрезентација за одбојкарки до 19 години загуби на првите два меча на Балканското првенство во романскиот град Миовени. Откако вчера нашите надежи беа поразени од Грција со 3:0 (25:18, 25:12, 25:8), вечерва во 2. коло од групната фаза избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ имаа уште еден лош настап и претрпеа втор убедлив пораз.

Денеска подобри од нашите девојки беше Србија која славеше со 0:3 (10:25, 9:25, 19:25).

На вечерашниот дуел во Миовени најдобар реализатор кај нашата репрезентација беше Долдурова со 7 поени.

ПретходноБускетс не попушта: Не сака по третпат да прави отстапки за платата
СледноПлеј -офот само сон: Пенал – серијата КОБНА за Шкендија! (ВИДЕО)