Диего Коста се враќа во Шпанија и потпишува за клубот во кој играше пред 10 години

3275

Некогашниот шпански репрезентативец Диего Коста наскоро ќе му се приклучи на нашиот Столе Димитриевски во екипата на Рајо Ваљекано. Според „Марка“, играчот ќе потпише договор со клубот уште денеска.

Според изворот, за враќањето на Коста во клубот, за кој претходно настапуваше во сезоната 2011/2012, лично е заслужен претседателот на Рајо Ваљекано, Раул Мартин Преса. Тој лично преговарал со Коста и го убедил да се врати во тимот од мадридското предградие.

Коста ќе потпише едногодишен договор со клубот за плата од 1,5 милиони евра + можни бонуси.

Интересно е што Диего Коста својот последен натпревар го одигра на 12 декември 2021 година, кога го освои Купот на Бразил како дел од Атлетико Минеиро.

ПретходноПолувреме: Супер Буба од пенал го „тресе“ АИК за водство на Шкендија! (ВИДЕО)
Следно„Л’Екип“ има бомба: ПСЖ почна преговори со Маркус Рафшорд!