Илиев уште една година во Голден Арт, се врати и Рајатоски

122

Искусниот велешанец, Ивица Илиев комплетно ја оправда довербата на раководството на Голден Арт и до јуни 2023 година ќе биде на располагање на тренерот Никола Матлиески. Илиев минатата година постигна вкупно 179 погодоци на 25 натпревари и го предводеше тимот за пласман во Суперлигата.

Пеце Рајатоски мината година ја стартуваше во Голден Арт, од каде пред завршување на есенската полусезона направи трансфер во Германија од каде повторно се враќа во таборот на овој клуб.

Илиев ја комплетира левата бековска позиција на Голден Арт, заедно со Христијан Милошески, Тони Јакиќ и Андрија Мандиќ, додека Рајатоски кој може да одговори на двете позиции на десната страна, минутажа ќе дели со Деја Гошевски и Мице Шилегов.

Со официјализирање на трансферот на Илиев и Рајатоски, тимот од Општина Аеродром го затвори играчкиот состав и во следниот период, пред стартот на првенството, ќе се подготвува на физички и техничко-тактички план, а до самиот старт на првеството предвидени се неколку подготвителни натпревар.

ПретходноМакедонија до 18: Пораз од Романија на вториот контролен меч
СледноФерхан Хасани: Шкендија со поддршка од фановите може до победа над АИК!