И во Салвадор се простуваат од легендарниот Дојчиновски! (ФОТО)

427

Кирил Дојчиновски, еден од нашите најголеми фудбалски имиња, почина на 79 години. Во текот на вчерашниот ден во медиумите на овие простори тоа беше една од централните теми, а за неговата смрт наголемо се пишуваше и во медиумите во Салвадор. Земја во која во деведесетите години од минатиот век, Дојчиновски остави траен белег. Имено тој во два наврати беше селектор на најдобрата репрезентација во таа земја, а беше тренер и на неколку клубови тамошни клубови.

Името на Дојчиновски во таа земја се изговара со почит и респект.

Посебна чест му беше одадена од страна на Фудбалската федерација на Салвадор, која на своите социјални мрежи објави вест дека Проф.Дојчиновски не е веќе со нас и со пиетет потсети кој беше тој, секако им изрази и сочуство на најблиските на починатиот.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноВенеса Брајант живее во страв поради страшните слики од падот на хеликоптерот!
СледноБарди пристигна во Трабзон: Среќен сум што ќе играм за шампионски тим