Кадетите против домаќинот за врвот во групата!

157

Македонската машка кадетска репрезентација по еден ден одмор денеска продолжува со мечевите на ЕХФ Шампионатот кој се одржува во Рига.

Избраниците на Раде Стојановиќ по двете убедливи победи против Турција и Косово, во последното коло од групната фаза ќе ги одмерат силите со домаќинот, Летонија. Оваа средба е закажана со почеток во 15 часот.

Победникот од овој дуел ќе оди како првопласиран во полуфиналето, кое Македонија го обезбеди во второто коло, а таму треба да се сретне со Швајцарија или Луксембург, дилема која ќе биде решена вечерва.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија можете да го гледате на следниот ЛИНК.

ПретходноХалилхоџиќ доби отказ, Мароко со нов селектор на СП во Катар!
СледноХосни: Лани Пелистер за малку не ја освои титулата, но оваа сезона ќе биде подобро