Кадетите со лекција и за Летонија, Македонија како првопласирана оди во полуфиналето!

190

Македонската машка кадетска репрезентација продолжи во победнички ритам на ЕХФ шампионатот. На последната средба од групната фаза „црвено-жолтите“ го совладаа домаќинот, Летонија со убедливи 33-23 (21-12) и како првопласирано одат во полуфиналето.

Томислав Димковски кој постигна шест гола беше прогласен за играч на натпреварот од составот на Македонија. Узучнчев имаше седум погодоци, еден помалку запиша Петковски.

И оваа средба нашите момци ја решија после едно полувреме. Поведоа со 8-3 на стартот, дојдоа на плус десет пред одморот (21-11), противникот во самиот финиш постигна гол за 21-12.

Ништо не се промени во продолжение, Македонија доминираше до крајот.

Во полуфиналето нашите момци ќе играат со Швајцарија или Луксембург, овој меч се игра нешто подоцна.

ПретходноКалчо романтика: Берарди одби фантастични понуди и продолжи со Сасуоло
СледноШкендија ќе “удри“ по АИК, целта е јасна…пласман во ПЛЕЈ – ОФОТ во ЛК!