Италијанскиот напаѓач Доменико Берарди го продолжи договорот со Сасуоло до јуни 2027 година и ќе игра за годишна плата од 2 милиони евра плус бонуси при исполнување на некои ставки како број на голови, настапи и пласман на клубот.
Со тоа Берарди стави крај околу својата иднина и даде до знаење дека е поинаков и дека не му се важни парите затоа што имаше побогати понуди од поголеми клубови, но тој одлучи да го послуша срцето и да остане во Сасуоло.
Берарди ја почна кариерата во Сасуоло, од 2010 до 2012 играше за младинските категории, а потоа една сезона за првиот тим од каде замина во Јувентус. Но не заигра таму туку веднаш беше позајмен на две сезони во Сасуоло каде што во 2015 година потпиша постојан договор со матичниот клуб.
За Италија има 24 настапи и 6 голови.
Дома Меѓународен фудбал Италија Калчо романтика: Берарди одби фантастични понуди и продолжи со Сасуоло