Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа пораз на втората контролна пресметка против соодветната селекција на Романија.
Во вториот меч, домаќинот, Романија на тренинг центарот Буфтеа победи со 2:0. Головите беа постигнати во последните 10 минути од мечот. Македонија преку Митров ја имаше најсериозната шанса за гол на овој дуел.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.
МАКЕДОНИЈА: Давид Стојановиќ, Давид Даиловски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Теодор Николовски, Абиола Бамијоко, Фикрет Ливорека;
Селектор: Тони Јакимовски;