По блескавите настапи на сите три меча во групата, нашата кадетска репрезентација го освои првото место во групата и како прва се пласира во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Рига (Летонија). Предмалку момците на селекторот Раде Стојановиќ го дознаа и својот ривал на тој меч, а тоа е селекцијата на Луксембург, која по поразот предмалку од Швајцарија заврши како втора во нејзината група.
Па така Македонија и Луксембург в сабота ќе ги одмерат силите во полуфиналниот меч од овој шампионат.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Швајцарија и Летонија.