Наполи со супер трансфер – го договори Џовани Симеоне

222

Наполи наскоро ќе добие фантастично засилување во офанзивниот ред откако успеал да се договори со Верона за трансфер на Џовани Симеоне. Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо открива дека деталите се решени и наскоро ќе биде потврден трансферот.
Синот на Диего Симеоне ќе игра како позајмен во Наполи во сезоната 2022/23 за 3,5 милиони евра, а потоа клубот од под Везув има опција да го откупи договорот за 12 милиони евра.

Инаку утринава Наполи се пофали со новиот голман Салваторе Сиригу кој дојде како слободен фудбалер од Џенова. Сиригу има 35 години и ќе му биде поддршка на Алекс Мерет меѓу диреците.

Тој потпиша договор на една сезона. Неофицијално 35-годишниот чувар на мрежата ќе заработи околу 700.000 евра нето плата плус бонуси. Исто така е вклучена клаузула за раскин на договорот за 100.000 евра.

ПретходноMaнчестер Сити ќе се засили со уште еден шпански фудбалер
СледноКалчо романтика: Берарди одби фантастични понуди и продолжи со Сасуоло