Нена Трајчевска ја заврши успешно минатата сезона. Со екипата на Бадел 1862 ја освои шампионската титула во домашното првенство и веќе следната сезона ќе игра надвор од Македонија.
Нов клуб на нашата репрезентативка е шпанскиот второлигаш Понтеведра, третопласиран минатата сезона во оваа конкуренција.
Ова е уште еден интернационален трансфер за нашата искусна кошаркарка, откако настапуваше за клубови во Германија, Србија, Шведска и Турција.
Ова лето, македонскиот шампион остана без уште една искусна кошаркарка, Александра Стојановска кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Евникос.