Maнчестер Сити ќе се засили со уште еден шпански фудбалер

169

Манчестер Сити се договорил со Андерлехт за трансфер на шпански фудбалер кој игра во редовите на белгиската екипа, пренесува „Скај спортс“. Англискиот шампион се договорил за трансфер на Серхио Гомез за кого ќе плати 13 милиони евра.
Се работи за фудбалер кој има 21 година и е офанзивен играч за врска, а може да игра како лево крило или лев бек. Тој е продукт на академијата на Барселона па од таму и Пеп Гвардиола го знае.
Гомез од Б тимот на Барселона направи трансфер во Борусија Дортмунд, играше две сезони како позајмен во Уеска, а во 2021 година премина во Андерлехт.
Инаку Гомез на СП У17 беше втор најдобар фудбалер на турнирот зад Фил Фоден кој ја освои „Златната топка“ на турнирот. Сега двајцата ќе бидат дел од Сити.

ПретходноИнтер претстави уникатeн гостински дрес за сезоната 2022/23
СледноНаполи со супер трансфер – го договори Џовани Симеоне