Стартни состави: Шаќири не менува ништо, Шкендија со победничкиот тим и против АИК!

408

Вечерва од 20 часот на Арената во Скопје, Шкендија ќе го одигра реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа против АИК од Шведска. Во Стокхолм резултатот беше 1:1, па така тетовци со евентуална победа ќе се пласираат во плеј – офот на ова натпреварување.

На нешто помалку од час и половина од почетокот на овој натпревар, стратегот на Шкендија, Артим Шаќири го објави стартниот состав, а во него се:

ЗАХОВ, МУРАТИ, БЕЈТУЛАИ, ЦАКЕ, НЕЗИРИ, Р. РАМАДАНИ, ДИТА, ШАЉА, ХАСАНИ, ДОРИЕВ, ГУРИ

Формацијата е 4-2-3-1 иако на УЕФА е претставена како 3-4-3.

Значи Артим Шаќири не менува ништо, она што е добро и не треба да се менува.

Да потсетиме дека натпреварот ќе го суди Доналд Робертсон од Шкотска.

ПретходноБарди во Трабзон ќе игра за 1,5 милиони евра годишно!
СледноОфицијално: Костиќ е нов член на Јувентус! (ФОТО +ВИДЕО)