Познати се судиите за 2.коло во ПМФЛ, мечеви кои ќе се одиграат претстојниот викенд. На скопското дерби, кое е и дерби на колото во кое се среќаваат Шкупи и Македонија ЃП, судија ќе биде Александар Ставрев.
Додека во Штип, на мечот меѓу Брегалница и Струга ТЛ, меч кој ја преокупира јавноста, главен судија ќе биде Игор Стојчевски.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО (14.08.2022) 17 Ч
Победа – Тиквеш (А. Грујоски – Кичево)
Брегалница – Струга ТЛ (И.Стојчевски – Скопје)
Работнички – А. Пандев (Д. Пилешков – Штип)
Шкендија – Силекс (К. Ѓорѓиев – Штип)
САБОТА
Шкупи – Македонија ЃП (А. Ставрев – Скопје)
Скопје (СЛОБОДНО)