Рускиот репрезентативец Алексеј Миранчук е нов фудбалер на Торино. Тој доаѓа од редовите на Аталанта како позајмен на една сезона со опција за откуп на договорот за 12 милиони евра. Со тоа „биковите“ го комплетираа трансферот на кој работеа подолго време па конечно најдоа заеднички јазик со клубот од Бергамо.
Миранчук играл за младинските категории на Спартак и Локомотив, а дебито во профи фудбалот го имал во Локомотив Москва во 2013 година. Во Аталанта премина во 2020 година за 15 милиони евра. Се работи за офанзивен фудбалер за врска.
Инаку Миранчук има и 41 настап за Русија и шест гола.
Инаку Торино работи на реализација на уште еден трансфер, а тоа е централниот бек на Ајакс Пер Шурс. За него спремиле 12 милиони евра и договор до јуни 2027 година.