На само три месеци пред почетокот на Мундијалот во Катар, Фудбалската федерација на Мароко му даде отказ на својот селекторот Вахид Халилхоџиќ. Оваа вест е потврдена од неколку страни, но се чека само официјална потврда од страна на челниците на Федерацијата.
А се знае и зошто. Искусниот стратег од БиХ едноставно не сакал да му прости на првата ѕвезда на селекцијата Хаким Зијеш и да го врати во националниот тим. Цела фудбалска јавност се дигна на нозе со барање дека ако Зијеш не биде вратен тогаш Халилхоџиќ мора да добие отказ. Под притисок на јавноста, челниците на Федерацијата на Мароко едноставно мораа да го “откачат“ тврдоглавиот Босанец.