Хосни: Лани Пелистер за малку не ја освои титулата, но оваа сезона ќе биде подобро

181

Еурофарм Пелистер продолжува да ги засилува своите редови за новата сезона. Нов член на македонскиот вицепрвак е десниот бек Усама Хосни кој доаѓа од Тунис.
Ова е убаво искуство за мене. Можноста да дојдам во Македонија и да бидам прв ракометар од Тунис во Еурофарм Пелистер ми ја понуди мојот агент. Тој ми го претстави клубот и амбициите, можноста да се остварат добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство. Ова е убава шанса за мене, тотално различно искуство од Франција, каде што играв. Оптимист сум и мотивиран сум за мојот нов предизвик.

Наидов на амбициозна група ракометари. Важно е да се бориме за титулата во Македонија. Го гледав последниот натпревар против директниот конкурент Вардар 1961 минатата сезона. За жал заради мали детали Еурофарм Пелистер ја загуби титулата. Но, оптимист сум дека годинава ќе биде подобро.

Ракометот има традиција на Балканот. Македонија има добра репрезентација, во 2015 година игравме важен натпревар во Полска за олимписките квалификации. Бев најдобар играч на тој натпревар, победивме и благодарение на тој натпревар, Тунис се квалификува за Олимписките Игри во Рио. Традиција е да излегуваат добри ракометари од Македонија, да имате добра селекција. Убав пример за тоа е Кирил Лазаров“, вели Хосни кој во кариерата играл за Иври, Понто Комбо и Истр.

ПретходноКадетите против домаќинот за врвот во групата!
СледноБарди попладнево ќе го комплетира трансферот во Трабзон