Шкендија ќе “удри“ по АИК, целта е јасна…пласман во ПЛЕЈ – ОФОТ во ЛК!

288

Шкендија вечерва го игра шестиот меч во Европа ова лето. Секако и најзначаен, зошто реванш дуелот од 3.квалификациско коло во ЛК против силниот АИК одлучува дали Шкендија по четврти пат во својата историја ќе игра во плеј – офот во едно европско натпреварување.

Ако мечевите во првите две кола со Арарат и Валмиера, на кои тетовци забележаа три победи и едно реми, беа само за загревање, она вистинското, веднаш се виде, дека беше во Стокхолм на првиот меч во АИК.

Швеѓаните се сосема некоја друга димензија, но Шкендија и на “Френдс Арената“ минатиот четврток одигра квалитетно и се избори за одлични 1:1.

Сепак, вечерва од 20 часот, реваншот започнува од 0:0. Се ќе беше поинаку ако важеше старото правило за гол во гости, сега ќе треба победа, или реми па во продолженија или по пенали се елиминира АИК.

Секако дека ќе биде тешко, најтешко до сега ова лето. АИК е амбициозен тим кој посакува групна фаза, но Шкендија е максимално подготвена, и физички и тактички, да одигра уште еден добар европски натпревар и да дојде до целта, а таа е – пласман во плеј – офот во ЛК.

Стратегот Артим Шаќири нема намера ништо да менува во однос на тактиката, Шкендија ќе биде напаѓачки ориентирана, Шкендија ќе игра на гол повеќе, Шкендија ќе атакува по секоја цена. Впрочем оваа Шкендија не знае да игра поинаку.

А како и би играла поинаку кога во својот тим има толку многу напаѓачи со екстра квалитет за наши услови.

Да, Шкендија со напад и агресивна игра ќе “удри“ по АИК, само така може да се дојде до резултат со кој ќе ја израдува уште еднаш цела наша спортска јавност.

Добро е тоа што стратегот Шаќири ќе смета на сиот свој играчки потенцијал, нема повредени и нема суспендирани играчи.

ПретходноКадетите со лекција и за Летонија, Македонија како првопласирана оди во полуфиналето!
СледноФановите на Реал му фаќаат сеир: Мбапе – “НУЛА“ пехари во ЛШ! (ФОТО)