Енис Барди пред неколку часа слета во Трабзон, каде до вечерва би требало да се компплетира целиот трансфер на нашиот фудбалер за турскиот шампион. Откриена е и сумата за која Барди се договорил со Трабзонспор, а тоа 4,5 милиони евра за тригодишен договор, значи по сезона Барди ќе заработува по 1,5 милиони евра.
Од друга страна Турците ќе му платат отштета на Леванте од 3 милиони евра плус разни бонуси.