Барди попладнево ќе го комплетира трансферот во Трабзон

128

Турскиот шампион Трабзон доби фантастично засилување за домашниот шампионат како и за Лигата на шампионите. Тоа е македонскиот репрезентативец Енис Барди кој одбил неколку понуди за да направи трансфер во Трабзон. Трансферот ќе чини три милиони евра, а сега веќе екс-играчот на Леванте ќе потпише тригодишен договор.
Според турските медиуми Барди ќе пристигне во Трабзон во 14:30 часот по што ќе ги изврши лекарските прегледи и потоа ќе стави потпис на договорот.
Барди ќе го пријави новото засилување за мечевите со Копенхаген во плеј-офот од Лигата на шампионите. Првиот дуел е во Данска на 16 август, а реваншот на 24 август.
Инаку Трабзон утре ја почнува новата сезона во турската Суперлига против Хатајспор на домашен терен. Најверојатно Барди ќе го прескокне тој меч.
Инаку, Трабзон се обидел да го донесе и шпанскиот бек Марк Бартра од Бетис. Понудил три милиони евра кои Бетис ги одбил, а и Бартра му кажал на турскиот клуб дека не сака да игра во таму туку да остане во Шпанија.

 

ПретходноХосни: Лани Пелистер за малку не ја освои титулата, но оваа сезона ќе биде подобро
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев на Чаир, Стојчевски “главен“ во Штип