Барди пристигна во Трабзон: Среќен сум што ќе играм за шампионски тим

300

Македонскиот фудбалски суперстар Енис Барди пристигна во Трабзон каде за неколку часа ќе биде промовиран во нов фудбалер на Трабзонспор. Тој ќе ги одработи медицинските прегледи и потоа ќе го потпише договорот.
Среќен сум што ќе бидам дел од шампионски тим. Остануваат да ги средам сите детали и потоа да се видам со тренерот и новите соиграчи. Дојдов тука да го исполнам сонот и да настапам во Лигата на шампионите и, секако, да се радувам на што поголеми успеси со клубот како на домашната така и на меѓународната сцена“, изјави Барди по пристигнувањето во Трабзон каде беше пречекан од голем број на новинари кои бараа изјава од него.

ПретходноИ во Салвадор се простуваат од легендарниот Дојчиновски! (ФОТО)
СледноВо Барса се оптимисти: Ќе ги регистрираме сите нови играчи!