Битолчани го потпишаа првото странско засилување!

185

Екипата на Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона, во која битолчани ќе имаат дополнителен предизвик, битка во второлигашката јадранска конкуренција.

За разигрување на тимот ќе биде задолжен Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.

Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари како Двојаковски, Јовановски и Ристевски.

ПретходноБензема e втор на вечна листа на стрелци кај Реал Мадрид
СледноВардар се врати во СЦ „Јане Сандански“ (ВИДЕО)