Се чини дека Мауро Икарди ги доживува најтешките денови во својот живот. Познато е дека бракот со Ванда Нара е готов, но готов е и неговиот престој во ПСЖ. Имено Аргентинецот добил порака од тренерот Криштоф Галтие дека на него веќе не смета во ПСЖ.
„Му реков на Мауро дека веќе не сметам на него, дека сакам да го намалам ростерот и декa тој е слободен да се побара нова средина. Клубот ќе работи на тоа да изнајде најдобро решение за Икарди. Треба да се разбуди, играше малку во минатите три сезони, време е да пронајде клуб каде што ќе ги искаже своите квалитети“ изјави Галтие.