Кирил Дојчиновски, еден од нашите најголеми фудбалски имиња, почина на 79 години. Во текот на вчерашниот ден во медиумите на овие простори тоа беше една од централните теми, а за неговата смрт наголемо се пишуваше и во медиумите во Салвадор. Земја во која во деведесетите години од минатиот век, Дојчиновски остави траен белег. Имено тој во два наврати беше селектор на најдобрата репрезентација во таа земја, а беше тренер и на неколку клубови тамошни клубови.
Името на Дојчиновски во таа земја се изговара со почит и респект.
Посебна чест му беше одадена од страна на Фудбалската федерација на Салвадор, која на своите социјални мрежи објави вест дека Проф.Дојчиновски не е веќе со нас и со пиетет потсети кој беше тој, секако им изрази и сочуство на најблиските на починатиот.