Нена Трајчевска продолжува во Шпанија!

129

Нена Трајчевска ја заврши успешно минатата сезона. Со екипата на Бадел 1862 ја освои шампионската титула во домашното првенство и веќе следната сезона ќе игра надвор од Македонија.

Нов клуб на нашата репрезентативка е шпанскиот второлигаш Понтеведра, третопласиран минатата сезона во оваа конкуренција.

Ова е уште еден интернационален трансфер за нашата искусна кошаркарка, откако настапуваше за клубови во Германија, Србија, Шведска и Турција.

Ова лето, македонскиот шампион остана без уште една искусна кошаркарка, Александра Стојановска кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Евникос.

ПретходноФерхан Хасани: Шкендија со поддршка од фановите може до победа над АИК!
СледноХалилхоџиќ доби отказ, Мароко со нов селектор на СП во Катар!