Плеј -офот само сон: Пенал – серијата КОБНА за Шкендија! (ВИДЕО)

1072

Штета, Шкендија не успеа да се пласира во плеј – офот во ЛК, и тоа поради лошо шутирање на пенал – серијата. Резултатот по 120 минути беше 1:1 па мораше победникот да биде решен на пенали. А таму Дитам, Дориев и Хасани промашија и со тоа плеј – офот за Шкендија остана само сон.

Резултатот по пенал – серијата беше 2:3.

Интересно беше вечерва на Арената во вториот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Беше нерешено 1:1, исто како и во Стокхолм, по тие 90+5. минути па затоа се замина во продолженија.

Стрелци на головите беа Хасани во 22.минута од пенал, а АИК израмни во 56.минута преку Ајари.

Инаку се чини дека Швеѓаните како подобро да го отворија мечот. Имено уште во 3.минута Елбоузеди шутираше, но за среќа Захов беше одличен и одлично реагираше. Но затоа во 6.минута Ферхан Хасани имаше зицер за водство на тетовци. Се најде на околу 10 метри од голот на АИК, добро шутираше, но гостинскиот голман Нордфелт успеа да одбрани и тоа едвај. Само неколку минути подоцна АИК одново со шанса, но сега се закани Стефанели, и тоа со шут со глава, но Захов е одличен голман, тука нема дилеми.

И дојде таа 22.минута кога прво Шаља беше фаулиран во казнетиот простор, судијата Робертсон не се двоумеше, покажа на белата точка, а Ферхан Буба Хасани без проблеми ја тресе мрежата на АИК за водство од 1:0 и за ерупција од воодушевуваше кај фановите на Шкендија на трибините на Арената во Скопје.

По тој гол Шкендија заигра уште поквалитетно, посигурно. Имаше и неколку закани и обиди за зголемување на водството, но на пауза се замина со тие 1:0. Со резултат кој и одговара на Шкендија и кој и гарантира пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции.

ОХ, НЕ…ЗАХОВ КИКСИРА И АИК ИЗРАМНУВА

Како што се очекуваше АИК ја презема иницијативата на почетокот на вториот дел. Шкендија и немаше што да брка, па им остави на гостите тие да градат акции. Во 54.минута гостите се заканија опасно, но само преку голот на Захов.

Среќа голема за тетовци.

Но затоа по само две минути, по еден центаршут од десната страна, Захов ја одби таа топка, дојде до Ајари кој беше присебен и успеа да погоди за 1:1, штета, на ова мораше подобро да се реагира.

По тој израмнувачки гол како да се разгоре битката, но треба да се каже дека овој гол по малку како да ги шокира играчите на Шкендија, па АИК ја имаше контролата на настаните и упатуваше закани, додека Шкендија од контри се обидуваше повторно да дојде до водство.

Штета, пред голот на Ајари се беше во рацете односно нозете на тетовци.

Ако претходно киксираше, тогаш Захов во 76.минута го спаси голот по шутот на Стефанели. На фантастичен начин ја извади топката која одеше под пречката. На другата страна Дита можеше и мораше да реагира подобро, топката за малку отиде покрај стативата на АИК.

Но до тие 90+4.минута немаше гол, па затоа натпреварот отиде во продолженија.

А таму се играше повеќе тактички, повеќе да не се прими гол. И двете екипи не сакаа да ризикуваат.

Во 120 минута смена на голманите кај Шкендија, Раманани влезе место Захов, се смета дека тој подобро брани пенали.

3.квалификациско коло во ЛШ – реванш (1:1 прв меч)

ШКЕНДИЈА (МКД) – АИК (ШВЕ) 1:1(1:0) (2:3 пенали)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Доналд Робертсон (ШКО). Стрелци: Хасани (п) 22. (ШКЕ), Ајари 56. (АИК). Ж. Картони: Р. Рамадани, Шаља, Дита, Вагнер, Стојановски (ШКЕ), Ларсон, Отиено, Стефанели, Бјорнстром, Колинс (АИК).

ШКЕНДИЈА: Захов (120. Рамани), Мурати, Цаке, Бејтулаи, Незири (79. Велија), Р. Рамадани (46. Ф. Рамадани), Дита,Шаља (79. Вагнер), Хасани, Дориев, Гури (93. Стојановски).

АИК: Нордфелт, Лустиг (66. Мендес), Папаџианопулос, Колинс, Елбоузеди,Хусеин, Ајари (91. Ринг), Ларсон, Отиено (90. Бјорнстром), Стефанели, Мбунга Кимпиока (79. Абдурахман).

ПретходноВтор пораз на јуниорките на Балканското првенство
СледноШкупи против косовскиот шампион Балкани во плеј-оф колото од Конференциската лига на УЕФА