Реал Мадрид дојде до 19 трофеј во последните девет години. Во европскиот Суперкуп го совлада Ајнтрахт со 2-0. Стрелец на еден од двата гола беше Карим Бензема, кој дојде до 432 погодок во дресот на „кралевите“ и се искачи на второто место на вечната листа.
По завршување на овој дуел, првиот човек на клубот, Флорентино Перез даде интересна изјава.
„Може да се каже дека оваа година беше добра за нас и никој не може да биде незадоволен, но треба да продолжиме да работиме. Анчелоти добро го води тимот, момците мора да се воиграат уште подобро, бидејќи нема да носиме веќе нови играчи“, рече Перез.
По ова следеше коментар за Бензема, за кого кажа дека ја освоил „Златната топка“ оваа година.
„Бензема минатата година ја заслужи Златната топка, но оваа година веќе никој не оспорува дека ќе ја освои“.
Перез ги коментираше и случувањата во Барселона, најголемиот ривал.
„Барса, Барса е една од најважните институции заедно со Реал и да треба да се врати на она што беше“.