Македонскиот шампион Шкупи во последната битка до групната фаза од Конференциската лига на УЕФА за противник ќе го има косовскиот шампион Балкани. Вечерва во реванш натпреварите од 3. квалификациско коло, Балкани по подобро изведување на пенали успеа да се пласира во плеј-оф колото откако беше подобар од тимот на Клаксвик.
Интересно, во регуларниот дел од мечот Клаксвик успеа да слави со 2:1 и да дојде до вкупни (4:4) во двојната пресметка со Балкани, по што мечот отиде на продолженија. Откако немаше промени на резултатот по дополнителните 30 минути, следуваа пеналите, каде Косовците беа за влакно подобри од домашните и закажаа двомеч со Шкупи.
Чаирчани ќе бидат домаќини на првиот меч на 18 август, додека реваншот ќе се игра на Косово седум дена подоцна.