По околу 18 месеци минати во Силекс, Јордан Серафимовски се врати во Беласица и со тоа осетно ги засили струмичани во пресрет на новата сезона во ВМФЛ. Имено како што информираат од страна на Беласица, преку својот ФБ профил, Серафимовски се врати во својот матичен клуб.
Со своето искуство и пред се квалитет, секако дека десниот офанзивен бек ќе биде и тоа како освежување во тимот на струмичкиот второлигаш.