Откако Шкендија вчера беше елиминирана од АИК во 3.квалификациско коло, честа на мак – фудбалот во Европа остана да ја брани шампионот Шкупи. Чаирчани европската одисеја ја започнаа во квалификациите во Лигата на Шампионите, а следната недела ќе играат плеј – оф, и тоа против косовскиот Балкани, и ќе бараат историски пласман во групната фаза во Лигата на Конференции.
Да се надеваме дека четата на стратегот Гоце Седлоски оваа шанса нема така лесно да ја испушти.
Инаку двомечот меѓу Шкупи и Балкани е закажан за 18 и 25 август.
Во случај да ја мине оваа пречка тогаш Шкупи на 26 август ќе се најде во ждрепката за групната фаза во ЛК. И секако, според рејтингот, нашиот тим ќе биде во последниот шешир.
Инаку според имињата Шкупи би добил атрактивни противници во групната фаза, само треба прво да се мине косовскиот тим.
Во Скопје би можеле да гостуваате екипи како Виљареал, Вест Хем, Фиорентина, Келн, Партизан, Базел…