Дали Англичаните се враќаат во игра за услугите на Дарко Чурлинов, Македонецот во редовите на Штутгарт. Имено пред две недели имаше преговори на релација Штутгарт и Барнли, инаку член на Чемпионшип дивизијата во Англија, но тогаш тие завршија неуспешно поради малата понуда на Англичаните. Имено познато е дека “швабите“ за помалку од 4-5 милиони евра не сакаат да слушнат да го пуштат Дарко Чурлинов. Во меѓувреме сериозно “загриза“ Андерлехт, гигантот од Белгија кој ги договори личните услови со Македонецот, но проблем настана околу висина на отштетата.
Сега пак во “игра“ се враќа Барнли, кој според медиумите во Германија бил подготвен да даде 3 милиони евра со цел да го откупи Чурлинов.
Значи на потег се “швабите“.