Барселона утре против Рајо Ваљекано ќе мора да игра без летните засилувања?!

500

Барселона ризикува да ја започне Ла Лига утревечер на мечот со Рајо Ваљекано без ниту едно од новите летни засилувања. Според весникот „Марка“, можноста Барселона да може навреме да ги регистрира своите нови засилувања за првиот натпревар во Ла Лига, сега веќе изгледа се посложена.

Остануваат уште помалку од 48 часа до натпреварот, а Каталонците се уште не ја активирале четвртата економска инјекција, ниту пак испратиле документација до Ла Лига, па одговорот од Ла Лига, која ќе мора документите да ги прегледа детално, може да не стигне навреме.

Барселона има опција да ја заврши документацијата денеска, но и покрај тоа, ништо не е сигурно.

Со активирањето на четвртата финскиска инјекција Барселона може да регистрира дел од потписите, но не сите. Клубот веројатно ќе мора да одлучи кој ќе оди во првата група за регистрација, а кој сепак ќе почека.

ПретходноПромоција: Енис Барди во Трабзонспор во дресот со бр.29! (ФОТО +ВИДЕО)
СледноБарди со пригодни зборови се прости од Леванте! (ФОТО)