Претседателот на Светската Ракометна Федерација (IHF), Хасан Мустафа, испрати честитки до Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов за успешната организација на кадетскиот Мундијал во женска конкуренција.
Светскиот собир на најдобрите за првпат во историјата се организираше со 32 земји учеснички. Мустафа додаде дека со нетрпение се очекува јуниорскиот Мундијал во женска конкуренција каде Македонија повторно ќе биде домаќин во 2024 година.