Манчестер Ј. го нуди Роналдо како дел од зделката за Рабио?

749

Претставници на Манчестер Јунајтед му ги понудиле на Јувентус услугите на напаѓачот Кристијано Роналдо, објави новинарот Паоло Паганини.

Според него, претставници на Манчестер Јунајтед сакаат да го вклучат Роналдо во зделката за трансфер на играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио.

Јувентус ја одбил оваа понуда, но клубот се уште добива многу повици од агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш. Претходно беше објавено дека Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите.

Роналдо ги бранеше боите на Јувентус од 2018 до 2021 година.

ПретходноНавивачите ги малтретираа фудбалерите: Ги натераа да ги соблечат дресовите и да скандираат против управата
СледноУште еден скандал во Белград: Фудбалер на АЕК Ларнака нокаутираше фотограф!? (ВИДЕО)