Преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио се во застој. Според „Дејли Мејл“, причината биле преголемите барања на мајката на играчот за висината на платата.
Според новинарите, мајката на фудбалерот Вероник Рабио, која ги застапува интересите на нејзиниот син, побарала од раководството на „црвените ѓаволи“ годишна плата од околу 7 милиони евра, која моментално ја добива во Јувентус. Претставниците на „црвените ѓаволи“ сметаат дека барањата се превисоки, а во моментов преговорите се во неизвесност. Се прецизира дека самите клубови пред неколку дена постигнале договор за трансфер на фудбалерот за сума од околу 17,7 милиони евра.