“Миовски со помош на Абердин ќе стане прв напаѓач во македонската репрезентација“…

602

Бојан Миовски по само неколку средби одиграни за Абердин стана хит меѓу фановите на овој клуб, еден од најголемите во Шкотска, но воопшто и кај сите во тамошната фудбалска јавност.

За Македонецот сите говорат во суперлативи, а стратегот на Абердин, Џим Гудвин не штеди пофални зборови за него.

Она што го знам за Миовски е тоа што сонува да биде прва опција во нападот на македонската репрезентација. Се разбира дека ние како Абердин и головите што тој ги постигнува за нас во тоа ќе му помогнат.Не се сомневам дека Миовски ако постигнува многу голови за нас тогаш ќе биде и прв напаѓач на својата репрезентација“.

Инаку Гудвин вели дека со Миовски клубот има големи планови.

Бојан за нас е сериозна инвестиција, и веднаш тој истата ја оправдува. Сега ако го ставиме на листа за продавање не само што ќе си ја вратиме инвестицијата туку и ќе заработиме. Ние сакаме тој да остане и во наредните години, ние имаме големи планови врзани со него“ рече покрај другото Гудвин.

ПретходноРоналдо преку својата сестра жестоко му возврати на Флорентино Перез!
СледноСерафимовски за посилна Беласица! (ФОТО)