Напаѓачот Андреа Петања потпиша договор со новиот италијански прволигаш Монца. Се работи за позајмица до летото 2023 година, а притоа Монца ќе има опција да го откупи неговиот договор. За позајмицата ќе плати 2,5 милиони евра, а за откуп на договорот ќе треба да доплати уште 10 милиони евра со дополнителни 1,5 милиони евра во форма на бонуси.
Петања одигра 32 натпревари минатата сезона со ефект од четири гола и пет асистенции. Тој досега има и еден настап за Италија, а играше и за СПАЛ, Аталанта, Асколи, Виченца, Сампдорија и Милан.
Монца досега ги донесе бекот Андреа Карбони од Каљари, голманот Микеле ди Грегорио од Интер, напаѓачот Леонардо Манкусо од Емполи, крилниот напаѓач Џанлука Капрари од Верона, како и десниот бек Педро Переира од Бенфика.