Навивачите и играчите на белградски Партизан имаа непријатно „дружење“ по завршувањето на синоќешниот дуел против АЕК Ларнака и испаѓањето на српскиот великан од Лигата на Европа.
Во текот на целиот натпревар навивачите скандираа против управата на тимот, а истото продолжи и по завршувањето на мечот, со тоа што овој пат, навивачите ги тераа и фудбалерите кои дојдоа да ги поздрават, да скандираат заедно со нив.
Откако фудбалерите одбија, во еден момент можеше да се забележи како еден навивач се симнува на теренот и влегува во дискусија со фудбалерите, па дури и се обидува физички да го нападне.
Недолго потоа „гробарите“ ги принудија сите фудбалери на Партизан да ги соблечат дресовите.
😳
Fudbaleri Partizana na udaru navijača.
Navijači su skandirali “UPRAVA”, očekivali su da će igrači uzvratiti sa “NAPOLJE”, ali fudbaleri su odbili. pic.twitter.com/P5wl5grkas
— B92 Sport (@b92sport) August 11, 2022