Пелистер на својата официјална страница се пофали со новите дресови за сезоната која што следи. Битолчани ќе имаат нови големи предизвици, покрај Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, ќе „војуваат“ во СЕХА лигата и Европската лига.
Промоцијата на екипата и новите дресови е предвидена пред натпреварот против Мешков Брест. Претпродажбата на новите дресови на Пелистер првпат ќе биде отворена во фан-зоната пред натпреварот против Мешков Брест на 25 август.
Голмани: 1. Урбан Лесјак 98. Марко Кизиќ
Леви крила: 8. Цветан Кузманоски 3. Гоце Ојлески 6. Бојан Маџовски
Леви бекови: 51. Руди Сери 7. Дејан Кукуловски 34. Емилијан Ѓорговски
Средни бекови: 23. Вилсон Дејвис 88. Павле Атанасијевиќ 14. Марио Танкоски
Десни бекови: 17. Усама Хосни 31. Павле Петровиќ 30. Мартин Велковски
Десни крила: 13. Мирко Радовиќ (капитен) 19. Ненад Костески
Кружни напаѓачи: 44. Жарко Пешевски 37. Денис Васиљев Дефанзивец: 24. Милорад Кукоски