Шампионот Милан ја почнува новата сезона против Удинезе (сабота, 18:30 часот), а тренерот Стефано Пиоли вели дека е задоволен од тоа како делува тимот, но исто така посочи дека голем дел од фудбалерите се уште не го достигнале нивото.
“Милан е силен, но на теренот ќе се види дали сме посилни од минатата година. Видов во очите на играчите истиот дух и ова ми дава причини да размислувам позитивно. Никој од нас сè уште не го достигна своето максимално ниво.
Слушнав дека стадионот ќе биде полн што е фантастично. Мораме да го култивираме овој ентузијазам и да извлечеме енергија од тоа. Започнуваме од нула, но со јасна свест кои сме и што направивме“, рече специјалистот.
„Новите играчи ми оставаат многу позитивен впечаток, сигурно го засиливме нападот. Ребиќ е добар, Жиру е подготвен за утре. Ќе недостасува Тонали, иако неговата состојба се подобрува “, рече тренерот.
Новакот Шарл де Кетелер веројатно ќе го започне натпреварот од клупата.