Пресврт: Милошевиќ сепак нема да биде тренер на Партизан!

232

Саво Милошевиќ сепак нема да биде тренер на Партизан, пренесуваат српските медиуми. Гордан Петриќ ќе го преземе клубот. Милошевиќ се откажал поради „технички причини“, што и да значи тоа.

Досегашниот тренер Илија Столица беше разрешен откако белградски тим беше елиминиран од квалификациите за Лига Европа од кипарски АЕК Ларнака. Реваншот во Србија заврши 2:2. Бидејќи резултатот на првиот натпревар беше 2:1 во корист на АЕК, кипарскиот клуб со вкупен резултат 4:3 се пласираше во баражот.

Петриќ извесно време беше и генерален секретар во Партизан, по што почна тренерска кариера и ги водеше екипите на Бежанија, Синѓелич, Земун, Чукарички и Рад во Србија, како и АЕЛ Лариса на Кипар и Горица од Словенија.

ПретходноСтартува ЕП во Скопје: Кадетите отвараат против Црна Гора (ЛИНК)
СледноТалески: Струга ќе биде вистински тест пред стартот на сезоната!