Промоција: Енис Барди во Трабзонспор во дресот со бр.29! (ФОТО +ВИДЕО)

401

Сега веќе и официјално е, Енис Барди е нов член на Трабзонспор, ново име во редовите на шампионот на Турција. Нашиот репрезентативец го одбра дресот со бр.29, и ќе биде големо огромно засилување.

Вчера Барди пристигна во Трабзон и веднаш со многу помпа беше дочекан на аеродромот, како што доликува на големите фудбалски ѕвезди.

Трабзонспор го поздрави нашиот фудбалер со – Добредојде во твојот нов дом Енис Барди.

Да се надеваме дека Енис ќе го покаже што знае и во новиот клуб.

Image

Image

ПретходноСерафимовски за посилна Беласица! (ФОТО)
СледноБарселона утре против Рајо Ваљекано ќе мора да игра без летните засилувања?!