Македонската машка кадетска репрезентација денеска (18:45 часот) го игра првиот меч на Европското првенство У16 А Дивизија чиј домаќин е Скопје. Нашите кошаркари на стартот ќе ги одмерат силите со селекцијата на Црна Гора, дуелот се игра во СЦ „Кале“.
Од таборот на „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка од трибините на патот кон што подобар успех во ова елитно натпреварување. Покрај Црна Гора противници на кадетите во групната фаза се Шпанија и Грција.
Според системот на натпреварување сите четири тима по завршување на првата фаза ќе се пласираат во осминафиналето, по што следат елининациите и целосната слика која репрезентација за кое место ќе игра.