Столица доби отказ, Саво Милошевиќ на клупата на Партизан!

297

По катастрофалниот старт во новата сезона на Партизан, на некогашниот фудбалски гигант на овие простори, по бламажата во Европа, секако дека разделбата со тренерот Илија Столица беше неизбежна. Кој ли само го донесе овој Столица за тренер на “црно – белите“ се прашуват фановите на Партизан?

Како што пишуваат медиумите во Србија, Столица добил отказ а за нов тренер е назначен легендарниот Саво Милошевиќ. Вистинскан легенда на Партизан како играч, бепе и тренер и претседател на клубот, и легенда на репрезентацијата на Србија.

Се очекува во текот на денешниот ден и официјална промоција на Милошевиќ.

ПретходноБарди со пригодни зборови се прости од Леванте! (ФОТО)
СледноРакометна Македонија се гордее со „Струшкиот турнир“ кој годинава одбележува 50.години постоење!