Тинекс Пролет загуби од Базел на првиот контролен меч во Врање

129

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 31-35 на првиот натпревар против швајцарскиот прволигаш Базел што се одигра во Врање. Ова беше прва контрола за Тинекс Пролет летово, тренерот Алексо Лембанов им даде шанса на сите ракометари да покажат што знаат и умеат и без оглед на конечниот резултат целокупниот впечаток е позитивен.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Тинекс Пролет имаше најубедливи „плус три“ во периодот кога голманот Петковски влезе во серија на добри одбрани, но Базел успеа да се врати и да го сврти резултатот во своја полза, на одмор заминувајќи со минимално водство од 15-16. Двајцата тренери ги изротираа екипите во вторите 30 минути од мечот, при што подобро се снајдоа Швајцарците, кои го добија мечот со конечни „плус четири“.

Вториот натпревар меѓу Тинекс Пролет и Базел на програмата е утре.

ПретходноФјури: Ова е моето конечно збогување со боксот!
Следно„Резервистите“ му донесоа победа на Дортмунд во Фрајбург (видео)