ФИФА ја изгласа промената: Светското првенство, сепак, почнува ден порано

136

Светското фудбалско првенство, сепак, ќе започне ден порано од предвидениот и утврден календар. Бирото на Советот на ФИФА ги потврди промените поврзани со Светското првенство кои беа предложени во последните неколку дена и кои претставуваат значителна промена на календарот.

Според новиот план, турнирот ќе започне во недела на 20 ноември, а не на 21 ноември како што беше претходно планирано. Исто така, воведен натпревар н ашампионатот ќе биде дуелот меѓу Катар и Еквадор, наместо Холандија – Сенегал, што беше предвидено по ждрепката на почетокот на април.

Оваа промена доаѓа по инсистирањето на Катарците да се задржи традицијата на Мундијалите во кои домаќинот секогаш го отвора шампионатот.

ПретходноЧудо: Второлигашот од Лихтенштајн кој дојде на чекор до групната фаза во европските купови!
СледноПрвиот човек на ФИФА со телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски