Македонската репрезентативка, Матеа Чурлиновска е нов член на Куманово. По одличниот настап на Мундиалот во Скопје во кадетската конкуренција, на адресата на младата голманка стигна понуда од поранешниот освојувач на Купот на Македонија.
Чурлиновска и раководството на клубот се подадоа рака, во таборот на Куманово доаѓа од тимот на Деспина од Прилеп.
За голот на оваа екипа, покрај Чурлиновска ќе бидат задолжени Марија Јовановска, како и Симона Грујовска.